Hyundai го презентираше својот мал модел на автомобил за кој се вели дека може да активира роботски нозе и да оди на непристапни терени со брзина од 5 км / час.

Исто така, може да се искачува на ѕидови високи од 1,5 метар и да прескокнува препреки во вид на дупки. Hyundai Elevate би можел да биде корисен за вонредни спасувања по природни катастрофи.

Концептот е во развој три години и беше претставен на саемот за технологија CES во Лас Вегас.

„Кога ќе удри цунами или земјотрес, тековните возила за спасување не можат да дојдат до урнатините. Овој модел го може токму тоа, што конвенционалните возила не можат да го направат низ непроодни патишта“, вели заменик-претседателот на Hyundai, Џон Сух.