Hulu и официјално потврди дека серијата „The First“ ќе биде прекината по само една сезона. Серијата во која главната улога ја играше Шон Пен, не успеа да се избори за продолжување, иако според многу оценки важаше за еден од сигурните фаворити за продолжение и со втора сезона.

Серијата која се занимава со подготовка на првиот екипаж за пат на Марс, немаше оптимистичкиоценки од критичарите, но рејтингот на публиката беше прилично висок. Hulu, како и другите стриминг сервиси, не откриваат информации за бројот на прегледи, но вреди да се спомене дека нејзиниот креатор Бо Вилимон беше уверен во продолжение со снимање на втора сезона.