Иако доста бурна, 2018-тата за Huawei донесе многу радосни моменти. Оној најсвечениот дојде на крајот. По последните анализи на компанијата, Huawei годината ја затвора со рекордни продадени 200 милиони смартфони само оваа година.

Кратко кажано, и покрај сите турбуленции Huawei успеа да продаде речиси 50 милиони единици повеќе од 2017 година. Прво, Huawei P 20 и Huawei Mate 20 серијата се покажаа како одлични, генерирајќи 16,5 милиони продадени смартфони. Уште поуспешни беа смартфоните од средна класа, Huawei Nova, каде од лансирањето на серијата биле продадени над 65 милиони единици. Иако без да даде конкретни бројки, Huawei извести дека одлична продажба имаат и моделите од серијата Honor.