И овој викенд How to Train Your Dragon: The Hidden World успеа да остане на првото место на кино благајните во САД. Филмот успеа да заработи околу 30 милиони долари, па вкупната заработка во САД е 97.6 милиони односно 375 милиони долари низ светот. На второто место се најде новиот филм на Tyler Perry – A Madea Family Funeral со заработени околу 27 милиони долари. Овој филм стана 9-ти дел од серијалот на Tyler Perry во кој тој го толкува ликот на Madea. Со заработени скромни 7 милиони долари Alita: Battle Angel се најде на третото место. Филмот има заработено 350 милиони долари на интернационално ниво.

На четвртото место се најде The LEGO Movie 2, додека на 5-то место се најде добитникот на Оскарот за најдобар филм – Green Book кој скокна од 11-то место, а заработи околу 4.7 милиони долари. Во петок премиера ќе има филмот Captain Marvel за кого се очекува дека ќе заработи дури 140 милиони долари во првиот викенд. Ќе треба да почекаме една седмица за да видиме дали филмот ќе успее да ги оправда прогнозите.