По големиот успех на анимираната франшиза „Hotel Transylvania“ и извонрениот тред дел насловен како „Hotel Transylvania 3: Summer Vacation 2018“, продуцентската екипа почна да работи на негово четврто продолжение. Следниот хит од серијалот за грофот Дракула и неговото друштво премиерата ќе ја дочека на 22 декември 2021 година

Минатата година „Hotel Transylvania 3: Summer Vacation 2018“ стана најголем хит на Sony Pictures Animation и еден од најпознатите филмски хитови во серијалот со приходи над 528 милиони долари. Анимацијата дебитираше на врвот во скоро сите земји и надмина над 100 милиони долари за само 12 дена на големото платно.

Интересно е што режисерот Genndy Tartakovsky, кој досега работеше на сите три филма, ќе се врати и во четвртиот дел. Идниот анимиран хит на Sony Pictures ќе има сериозна конкуренција со останатите премиери, затоа што само неколку дена пред нив на 17 декември 2021 година е закажана и премиерата на “Avatar 3”.