Американската компанија Google ги објави најбараните поими за годината што изминува. Освен тоа, компанијата објави и видео во кое се вметнати и убави настани кои и не се на листата на најбараните за 2018-та.

Листата на најбараните поими во годината започнува со поимот “World Cup” односно Светското првенство во фудбал кое се одржа во Русија, а победник беше репрезентацијата на Франција.

На второто место на листата на најбарани се најде шведскиот диџеј Avicii кој почина во април. На третото место се најде уште една личност која почина во 2018-та, американскиот рапер Mac Miller.

Stan Lee

Смртта на Stan Lee продуцираше голем број на пребарувања со помош на Google и се најде на четвртото место. Stan Lee беше легенда на светот на стрипот но и автор на јунаците од филмскиот свет. Филмот Black Panther е еден од најуспешните филмови во 2018-та, а филмот допринесе за големо влијание во поп културата, посебно во САД.

Prince Harry и Meghan Markle

Од 6-то до 10-то место се најдоа Meghan Markle, Antony Bourdain, XXXTentacion, Stephen Hawking и Kate Spade.