Со заработени 21 милиони долари, комедијата Good Boys се најде на врвот на кино салите во САД. Режирана е од Gene Stupnitsky, напишана е од Lee Eisenberg и Gene Stupnitsky, а улогите ги толкуваат Jacob Tremblay, Keith L. Williams и Brady Noon.

На второто место се најде Hobbs & Shaw, кој заработи дополнителни 14.1 милиони долари. The Lion King (2019) е на третото место со заработка од 11.9 милиони долари. Филмот од кој се очекуваше многу повеќе е The Angry Brids Movie 2, кој заработи само 10.5 милиони долари и се најде на 4-то место. Најдобрата 10-ка ја продолжуваат Scary Stories To Tell in the Dark, 47 Meters Down: Uncaged, Dora and the Lost City of Gold, Once Upon a Time in Hollywood, Blinded by the Light и The Art of Racing in the Rain.

Филмот Good Boys, заедно со The Curse of La Llorna и Us се трите филмови кои стигнаа на врвот на кино билагајните во САД, а се оригинална содржина, односно не се адаптации, преработки или продолженија.