Трилерот на M. Night Shyamalan повторно е на врвот на кино-благајните во САД. Филмот заработи дополнителни 19 милиони долари во овој викенд, а вкупната светска заработка му е 162 милиони долари. На второто место се најде комедијата The Upside со Bryan Cranston и Kevin Hart со заработени 12 милиони долари за овој викенд или вкупно 69 милиони долари. Со заработени дополнителни 7.3 милиони долари Aquaman се најде на третото место и сега има вкупна заработка од 1.090 милиони долари.

На четвртото место е првиот новитет, филмот The Kid Who Would be King од кој се очекуваше поголема заработка, а заработи само 7.2 милиони долари. Режијата е на Joe Cornish, а главните улоги ги толкуваат Rebecca Ferguson и Patrick Stewart. На 5-то место повторно се најде Spider-Man: Into The Spider-Verse со заработени 6 милиони долари. Вкупната заработка на овој филм е 338 милиони долари. Во остатокот од најпосетените филмови се Green Book, A Dog’s Way Home, Serenity, Escape Room и Dragon Ball Super: Broly.