Израелската и холивудска актерка Gal Gadot која стекна светска слава со улогата на амазонска принцеза во филмот Wonder Woman ќе пее na финалето на Евровизија оваа година. Актерката ќе учествува надвор од официјалната програма меѓу другите гости изведувачи кои се и претходни победници и учесници на Евровизија, од различни земји.

Меѓу оние кои го потврдиле учеството се Conchita Wurst, Eleni Foureira, Dana International, Verka Serduchka и други.

Менаџерите на американската поп-ѕвезда Madonna изјавија дека таа ќе пее на овогодинешната Евровизија, но тоа треба да се потврди од страна на Европскиот совет за радио и телевизија. Продажбата на билети започнува денеска, а цената за влез на годинешната Евроивизија во Тел Авив се движи од 50 до 500 евра.