По сите римејкови на старите добри филмски хитови, дојде ред и на „Flash Gordon“. За оние кои се сеќаваат последниот филм беше објавен во 1980 година со Сем Џонсон, Тимоти Далтон, Орнела Мути… Сега и официјално FOX најави дека влегува во продукција на новата верзија на филмот, каде како режисер треба да се појави Џулиус Ејвори.

Метју Вон, кој долго време беше најавуван како режисер на идниот хит, сега ќе биде само меѓу продуцентите. Ејвори е австралиски режисер чие деби е со Алиша Викандер во филмот „Son Of A Gun“ од 2014 година. Неговиот нов филм, „Overlord“, пак е спој на воен акција со хорор елементи, и доби интересни критики од стручната јавност.

Засега нема детали кога ќе почне да се работи на снимањето на новиот „Flash Gordon“, но веројатно тоа ќе се случи идната година.

извор: cinefish