Liev Schreiber ќе влезе во улогата на наратор во новиот документарец на Fox, посветен на убиствата на членовите на сектата на Чарлс Менсон. Документарецот под наслов:  “Inside The Manson Cult: The Lost Tapes” ќе биде во два дела и ќе содржи досега неприкажани снимки од трагичните настани од пред речиси 50 години.

Филмот ќе ја раскаже приказната на Менсон со помош на оригинални 16-милиметарски кадри, пронајдени во архивата на Роберт Хендриксон, режисер на кандидатот за “Оскар”, документарниот филм за познатиот убиец кој почина во 2016 година.

Во новиот документарец ќе има многу нови детали за членовите на сектата, кои од мирни хипици станаа масовни убијци. Тие извршија серија жестоки убиства, вклучувајќи и едно на бремената сопруга на Роман Полански, Шерон Тејт.

Во филмот ќе бидат вклучени многу ретки фотографии, како и нови и архивски интервјуа со членови на сектата, а исто така и истражители и профајлери на FBI.

Ова ќе биде уште еден проект, посветен на настаните кои го потресоа Холивуд во 1969 година. Квентин Тарантино веќе работи на својот нов филм „Еднаш, многу одамна во Холивуд“, во кој ќе се разработи убиството на Тејт (во улогата ќе се појави Марго Роби). Филмот ќе излезе догодина, кога се навршуваат 50 години од трагедијата.

извор: Deadline