Компанијата Epic Games која е креатор на играта Fortnite објави статистички податоци за својата најпопуларна игра. Според компанијата, играта Fortnite има 200 милиони регистрирани играчи. Во периодот од јуни до ноември 2018-та година, дури 75 милиони нови играчи регистрирале свои профили во системот. Овие бројки ја ставаат оваа игра на нивото на Tetris, Minecraft и Grand Theft Auto 5 според бројот на корисници. Според компанијата, карактеристиките што играта ја направиле толку популарна се тоа што таа е бесплатна, играте против други играчи на интернет.

Ninja и Drake

Популарноста се зголемила со влегувањето „во игра“ на раперот Drake, кој заедно со Tyler Blevins ја играа Fortnite и забавата ја стримуваа во живо на интернет. Играта ја стримуваа на интернет платформата Twitch, a во еден момент имало преку 600.000 гледачи, што го срушило претходниот рекорд. Според информациите, Fortnite има повеќе од 80 милиони активни месечни корисници.