Третиот дел од „Fantastic Beasts and Where to Find Them 3“ ќе се појави во 2021 година. Според последните најави, премиерата е закажана за 12 ноември 2021 година.

Од поодамна се знае дека J.K. Rowling е подготвена со новото сценарио, но очигледно ќе бидат направени корекции за финалниот производ. Иако беше планирано прво снимање оваа пролет, кое подоцна беше одложено за наесен, сега ќе има уште едно одложување на стартот на снимањето на третото продолжение, дури за следната година.

"Фантастични животни 3" излегува во есента 2021 година

“J.K. Rowling создаде една инспиративна вселена која освои луѓе од сите возрасти, носејќи не на необично магично патување”, се вели во соопштението на Warner Bros.

„Нашето студио е толку гордо дна проектот и ние навистина немаме трпение да ја дочекаме третата глава од серијата од пет филма. Таа сигурно доаѓа во ноември 2021 година“, дополнуваат од таму.