Во текот на вчерашниот ден Facebook, Instagram и WhatsApp паднаа во технички проблеми. Овие сервиси се во сопственост на Facebook, па не е чудно што доживуваат технички проблеми во исто време. Услугата на овие сервиси не е целосно во прекин, туку во различни делови од светот се манифестира со различни проблеми. Некои корисници не можат да ја отворат почетната страна на својот Facebook профил, некои не можат да примаат и испраќаат пораки, кај некои корисници работи само мобилната апликација, додека десктоп верзијата е недостапна. Некои корисници се жалат и на дополнителните услуги на Facebook како управувањето со рекламите на Facebook.

Instagram down

Кај Instagram сервисот проблемите се јавуваат со неможност за постирање на фотографии или за прегледување на другите профили. Кај WhatsApp, корисници се жалат за неможност за испраќање и примање на пораки. На официјалниот профил на Facebook на сервисот на Twitter беше објавено дека се прават обиди за решавање на проблемите и додадоа дека не се работи за DDoS напади.

WhatsApp down

Освен проблемите на директните корисници на Facebook, Instagram и WhatsApp, проблеми имаат и корисници на други сервиси и сајтови кои користат логирање преку Facebook за користење на другите сајтови.