Facebook објави дека отстранил над 3 милијарди лажни профили од октомври до март. Тоа е за двапати повеќе отколку во претходните шест месеци, пренесоа американските медиуми.

Ова зголемување покажува пред какви предизвици се соочува компанијата во борбата со профили создадени од компјутери, за да шират спам, лажни вести и други непожелни материјали.

Според Facebook, повеќето профили биле блокирани неколку минути откако биле креирани пред некој да ги види или да ги пријави во компанијата. Социјалната мрежа има 2.4 милијарди активни корисници месечно. Се верува дека 5 проценти од активните корисници на месечна основа се лажни профили.