HBO деновиве го објави и официјалниот трејлер за својата нова серија наречена „Euphoria“. Станува збор за прајм-тајм серија која доаѓа премиерно на сервисот на 16 јуни, а за која првите критики велат дека ќе биде новиот хит.

„Euphoria“ е серија работена според истоимена израелска серија, а во главните улоги се Zendaya, Storm Reid, Maude Apatow, Algee Smith и Eric Dane. Автор на американската верзија е Sam Levingston, а сценариотот опфаќа приказна која прати група средношколци кои растат низ светот на сексот, дрогата и рокенролот. Секако тука се и социјалните мрежи.