Шпанците прават уште еден нов обид да изградат огромен град Eurovegas, во кој ќе има казина, хотели, одморалишта, апартмани, трговски центар, марина, па дури и на стадион во регионот на Екстремадура. Проектот е стар неколку години, но никако да отпочне со реализација. Голема група инвеститори вчера повторно го актуелизираа проектот кој вклучува изградба на нов град со планирана инвестиција вредна 3.5 милијарди евра.

Промотор на новиот проект е бизнисменот John Cora, кој е потпретседател на тематски паркови на Disney. Инаку градот ќе го носи името Elysium, кој потекнува од зборот рај кај античките Грци. Истиот ќе се издигне на површина од 1200 хектари и вклучува изградба на четири хотели со најголеми казина во Европа со вкупен сместувачки капацитет 3000 соби, како и 2000 домови во првата фаза од проектот. Исто така, ќе има тематски парк, шопинг област, терени за голф, спортски стадион со капацитет од 40.000 места и марина.

извор: ElPais.com