WTA Finals во Сингапур е турнирот на кој настапуваат само најдобрите 8 тенисерки во сезоната, а оваа година победничкиот пехар го однесе украинката Elina Svitolina. Таа титулата ја освои победувајќи ја Sloane Stephens во финалето со резултат 3:6, 6:2, 6:2. Svitolina беше 6-та носителка на турнирот на кој победи во сите пет мечеви.

Sloane Stephens и Elina Svitolina

Svitolina годината ја завршува со четири титули. Освен титулата во Сингапур, таа ги освои турнирите во Бризбејн, Дуаби и Рим.

Elina Svitolina

Во склоп на WTA Finals на кој настапија најдобрите 8 тенисерки, се одржуваше борбата помеѓу најдобрите женски парови. Титулата ја освоија вторите носителки Timea Babos и Kristina Mladenovic. Тие во финалето ги совладаа Barbora Krejcikova и Katerina Siniakova.