Најпосетуван филм во изминатиот викенд во САД е Downtown Abbey со заработка од околу 31 милиони долари. На второто место е Ad Astra со Brad Pitt кој заработи околу 19.2 милиони долари, додека на третото место се најде Rambo: Last Blood со заработка од околу 19 милиони долари. Трите филмови на првите тру места се новитети за овој викенд, а последен пат тоа се случи во февруари кога на првите три места беа The Lego Movie 2, What Men Want и Cold Pursuit.