Оние кои слушаат Death Metal музика не се приклоници кон насилството, напротив се многу среќни и весели луѓе, тврди во својата последна студија, Универзитетот Меркјури од Австралија. Студијата е спроведена со децении и од неа се очекувале информации за емотивните ефекти на музиката врз слушателите.

„Фановите на Death Metal се многу нормални и среќни луѓе”, изјави професорот Бил Томсон. „Тие сигурно нема да излезат и да повредат некого”.

За да ја тестира чувствителноста на луѓето кон насилството, истражувачкиот тим спроведе класичен психолошки експеримент кој ги испитува потсвесните одговори на луѓето. Тие регрутираа 32 фанови и 48 тотални противници на ваквиот вид музика, кои требаше да слушаат метал и да гледаат “прилично непријатни слики”.

Целта на експериментот била да се измери колку мозоци на учесниците забележале насилни сцени и да споредат како нивната музичка придружба влијаела врз нивната чувствителност. Истражувачите откриле дека обожавателите на Death Metal покажале истата пристрасност кон обработката на насилните слики како и оние кои се фанови на поп-музиката.