Легендарниот хрватски борач Мирко Филиповиќ објави дека ја завршува кариерата во рингот. Причината е доживеаниот мозочен удар. Тој вчера за хрватските медиуми изјави: „Имав мозочен удар, крварење во мозокот. Денес излегов од болница и затоа дојдов за да луѓето ме видат дека сум здрав, имав неверојатна среќа во несреќа, тој излив можеше да се случи и полево и подесно. Имав дисекција на вена, која пукна заради механичко оштетување. Тоа нема врска со борбите, едноставно вратот беше преоптеретен. Јас сега мора да се борам за мојот живот.“

Mirko Cro Cop и Roy Nelson

“Никогаш повеќе нема да влезам во рингот, не смеам да дозволам некој да ме удри. За три месеци мора да направам контрола. После тоа ќе продолжам да тренирам, но ќе боксувам со вреќа. Што се однесува на борбите, тоа вена да се случи. За жал, никој не сака ваков крај, но тоа е, тоа е животот.“ Mirko Cro Cop последната борба ја имаше против Roy Nelson на 16-ти февруари годинава.