Добрата вест за фановите на музиката на Coldplay е тоа што тие се повторно назад во студио и почнаа да работат на својот нов, вкупно осми студиски албум. Како што потврди еден од членовите на бендот, Mat Whitecross, по едногодишен одмор, Coldplay се повторно заедно и работно ангажирани.

„Не знам дали можете да го наречете Крис работохолик, бидејќи тој го сака она што го прави, тој е во и надвор од студиото и пишува три или четири песни дневно. Оваа година ќе биде плодна“, вели Whitecross.

Иако не сака да открива детали, Mat вели дека новиот албум ќе биде многу интересен. Whitecross инаку го режираше новиот Coldplay документарен филм „Coldplay: A Head Full of Dreams“ кој треба да ја има својата премиера на стриминг сервисот на Amazon.

Chris Martin и неговите соработниците немаат издадено нов материјал од минатата година, а фановите се прилично возбудени од веста за осмиот албум кој се подготвува.

извор: ladbible.com