Британската пејачка Cheryl (попозната како Cheryl Cole) после 3 години пауза се враќа на музичката сцена со нова песна која носи наслов “Love Made Me Do It”. Пејачката стана позната како членка на Girls Aloud па потоа и како соло артист. Паузата беше искористена и за раѓање на детето кое го има од претходната врска со Liam Payne.