Канадскиот музичар Bryan Adams го најави својот 14-ти студиски албум. Албумот ќе го носи името Shine a Light, а е наследник албумот Get Up кој беше објавен во 2015-та година. Новиот албум ќе се појави во продажба на 1-ви март 2019-та година и ќе содржи 12 песни. Насловната песна од албумот е веќе достапна.

На албумот Shine a Light ќе се најде и песната “That’s How Strong Our Love Is” која е дует со Jennifer Lopez. Листингот на песните кои ќе се најдат на албумот се:

– Shine A Light
– That’s How Strong Our Love Is
– Part Friday Night, Part Sunday Morning
– Driving Under the Influence Of Love
– All or Nothing
– No Time for Love
– I Could Get Used to This
– Talk to Me
– The Last Night on Earth / I Hear You Knockin’
– Nobody’s Girl
– Don’t Look Back
– Whiskey in the Jar