“Bohemian Rhapsody”, биографски филм за легендарната британска група Queen, веќе е на второ место на листата на најуспешните музички биографски филмови во САД. Ова следеше по новите 15 милиони долари од продажба на билети во третата недела од излегувањето на филмот во кината.

Така, вкупниот приход од “Bohemian Rhapsody” достигна 127 милиони долари.

Првото место меѓу музичките биографски филмови е за “2015 Straight Outta Compton”. Филмот за раперот NWA донесе приходи од 161 милиони долари, а третото место го држи биографскиот филм за Џони Кеш – “Walk The Line”.