Американскиот производител на авиони Boeing, потврди дека е пронајден и втор пропуст во новите модели 737 MAX кои предизвикаа две големи авионски несреќи во изминатиов период. Овој пат е откриен втор, релативно “мал” софтверски проблем во авионите 737 MAX, кој наводно не е поврзан со “Системот за засилување на маневарските карактеристики” (MCAS), која се претпоставува дека е причина за несреќата на авионите на компаниите Ethiopian Airlines и Lion Air.

Boeing велат дека “прават напредок во надградбите на софтверот што ќе ги спречи идните несреќи”, но додаваат дека “како дел од овој процес е идентификуван еден аспект на софтверот што не е поврзан со системот MCAS, кој исто така ќе биде коригирани како дел од ажурирањето на софтверот“.