Јужнокорејскиот бенд Blackpink се новите рекордерки на Youtube и тоа во две категории. Во првите 24 часа, нивното видео за песната “Kill This Love” има дури 56.7 милиони прегледи во првите 24 часа. Претходниот рекорд беше на Ariana Grande за видеото за “Thank U, Next” кој имаше 55.4 милиони прегледи во првите 24 часови. Blackpink го срушија рекордот и за најкраток период од 100 милиони прегледи, а новиот рекорд изнесува два дена и 14 часови. Досегашниот рекордер беше Psy за видеото за Gentleman.

Бендот Blackpink е основан во 2016-та година, а членови на бендот се Jisoo, Jennie, Rose и Lisa. Првиот албум го издаваат во 2016-та година и бил насловен “Square One”.