Последниот филм за хероите на Marvel, Avengers Endgame ги руши скоро сите рекорди. Иако се знаеше дека ќе постигне огромен успех, резултатите од првите денови се извонредни. Според проценките, Endgame има заработка од околу 350 милиони долари на кино благајните во САД, а станува збор за прикажување од само 3 денови. Филмот има заработка од дополнителни 859 милиони долари надвор од САД, па досега има заработка од една милијарда и 209 милиони долари. Филмот досега ги сруши следните рекорди:

– Најголема заработка од претпремиери – 60 милиони
– Премиера во најголем број на кино сали – 4662
– Најголема заработка во петок / премиерен ден / поединечен ден – 156.7 милиони долари
– Најголема заработка во сабота – 109 милиони
– Најголема заработка во недела – 84.3 милиони
– Најголема заработка во првиот викенд во САД – 350 милиони
– Број 1 во најголем број држави – 90%
– Најголема заработка по кино сала – 75.075 долари
– Најголема заработка со премиера во април / во пролет / PG-13 / тридневен збир – 350 милиони
– Најголема заработка во викенд на топ 12 филмови – 389 милиони
– Најбрзо до 100 милиони – 1 ден
– Најбрзо до 150 милиони – 1 ден
– Најбрзо до 200 милиони – 2 дена
– Најбрзо до 250 милиони – 3 денови
– Најбрзо до 300 милиони – 3 денови
– Најбрзо до 350 милиони – 3 денови
– Најголема заработка за прв викенд надвор од САД – 859 милиони
– Најголема заработка за прв викенд на светско ниво – 1.2 милијарди
– Најголема заработка за 3D верзија на светско ниво во прв викенд – 640.5 милиони
– Најголема заработка за IMAX верзија на светско ниво во прв викенд – 91.5 милиони

Со заработката од 1.2 милијарди долари на светско ниво за само 5 денови, Endgame стигна до 18-то место во историјата.

На второто место овој викенд се најде уште еден филм на Marvel, Captain Marvel со заработка од 8 милиони долари. The Curse of La Llorona е на третото место, а потоа следуваат Breakthrough, Shazam!, Little, Dumbo, Pet Sematary, Us и Penguines.