Во последниот викенд во 2018-та година нема промена на првите 5 позиции на кино благајните во САД. На врвот останува Aquaman со заработени 51.5 милиони долари. Mary Poppins Returns заработи 28 милиони долари, Bumblebee 20.5 милиони, Spider-Man: Into the Spider-Verse 18.3, а The Mule 11.7 милиони долари.

Со заработката во овој викенд, филмот Aquaman има вкупна заработка во САД од околу 188 милиони долари, а на светско ниво дури околу 748 милиони долари.

Иако просечната цена на билетите во кино благајните во САД е највисока досега и изнесува 9.14 долари, 2018-та година е најуспешна година остварувајќи бруто добивка од околу 11.818 милијарди долари. Биле прикажани и рекорден број на филмови односно 814 филмови.

Филм со најголема заработка во 2018-та година е Black Panther со заработени 700.059.566 долари во САД. На второто место е Avengers: Infinity War со заработени 678.815.482 долари, на третото место е Incredibles 2 со заработени 608.581.744 долари. Jurrasic World: Fallen Kingdom заработи 416.769.345 долари и стигна до четвртото место, а на петтото се најде Deadpool 2 со заработка од 318.491.426 долари.

На светско ниво, сепак филм со најголема заработка е Avengers: Infinity War со заработка од 2.048.709.917 долари. На второто место е Black Panther со заработка од 1.346.913.161 долари, а на третото место е Jurassic World: Fallen Kingdom со заработка од 1.304.944.060 долари.