Како и што се очекуваше, Aquaman се искачи на врвот на кино благајните во САД. Филмот заработи околу 64.7 милиони долари, а се очекува бројка од околу 105 милиони долари за продолжениот божиќен викенд, кој трае до вторник. Од гледачите на филмот, околу 55% биле од машкиот пол, а околу 58% биле помлади од 25 години. Aquaman премиерата во други држави ја имаше од претходно, па заработката надвор од САД засега изнесува околу 410.7 милиони долари. Во следните 3 седмици филмот ќе ја има својата премиера и во Австралија, Италија и Јапонија.

Mary Poppins Returns

На второто место на листата се најде Mary Poppins Returns, во кој главните улоги ги толкуваат Emily Blunt, Lin-Manuel Miranda, Emily Mortimer и Ben Whishaw. Филмот за викендот заработи околу 22.2 милиони долари, односно околу 51.3 милиони долари во 5-те денови на прикажување во светските кино сали.

Bumblebee

Bumblebee е 6-от филм од Transformers серијалот. Филмот за викендот заработи 21 милиони долари, односно 52.1 милиони долари во светски рамки.

Минатонеделниот шампион Spider-Man: Into The Spider-Verse падна на 4-то место со заработени 16.7 милиони долари во САД за овој викенд, односно 129.6 милиони како севкупна заработка. Останатите филмови во Топ 10 се The Mule, Dr. Seuss’ The Grinch, Second Act, Ralph Breaks the Internet, Welcome to Marwen и Mary Queen of Scots.

Нови филмови од кои се очекува добра заработка за следниот викенд се: Holmes and Watson (Will Ferrell и John C. Reilly), Vice (Christian Bale, Amy Adams), Destroyer (Nicole Kidman) и On the Basis of Sex (Felicity Jones).