Со уште еден чекор, Хрватска се приближува до најмодерното живеење. Хрватската PBZ банка овозможи плаќање преку сервисот Apple Pay со своите Visa Inspire картички. Истата банка веќе го нуди и плаќањето Google Pay.

PBZ banka

Според официјалното соопштение од Privredna Banka Zagreb, Apple Pay преку нивните Visa Inspire картички е брз, сигурен и приватен начин на плаќање. Броевите на дебитните и кредитните картички не се чуваат ниту на телефонот ниту на серверите на Apple, туку PBZ доделува единствен број на сметка, кој е сместен во телефонот.

PBZ Inspire card