Во првиот свој викенд Angel has fallen е најпосетуван филм во кино салите во САД. Со заработка од 21.25 милиони долари филмот го победи шампионот од минатиот викенд Good boys кој со заработени околу 11.75 милиони долари е на второто место. На третото место се најде Overcomer, додека останатите филмови кои ја сочинуваат најдобрата десетка се наоѓаат: The Lion King (2019), Fast & Furious Presents: Hobbs & Shaw, Ready or Not, The Angry Birds Movie 2, Scary Stories to Tell in the Dark, Dora and the Lost City of Gold и Once Upon a Time in Hollywood.

Филмот Hobbs & Shaw започна да се прикажува во Кина, каде што заработи околу 102 милиони долари, што е рекорд за месецот август. Овој филм досега има вкупна заработка од околу 559 милиони долари.