NBC вчера објави промо фотографии на новите водители на првата гламурозна церемонија во 2019 година – наградите “Златен глобус”. Andy Samberg и Sandra Oh ќе бидат главна атракција во хотелот „Беверли Хилс“ вечерта на 6 јануари.

По вторпат во историјата, церемонијата ќе има двајца водители. Samberg и Оh ќе се стремат да го повторат успехот на Тина Фај и Ејми Полер, кои водеа три последователни церемонии. Samberg е добитник на „Златен глобус“ за „Brooklyn Nine-Nine“ во 2013 година, а исто така ја освои и наградата за најдобра серија во жанрот мјузикл или комедија. Актерот често се јавува како водител и на шоуто Saturday Night Live.

Sandra Oh во моментов ужива на успехот на серијата „Killing Eve“, за кој е номинирана и на овогодинешните награди “Златен глобус”. Таа заработи статуетка за учеството во друг популарен серијал – „Grey’s Anatomy“.

76-тата церемонија на доделување на “Златните глобуси” ќе биде емитувана традиционално на NBC ноќта на 6 јануари.