Научниците од NTHU развија сопствена методологија за да го измерат влијанието на светлината врз создавањето на мелатонин – еден од главните проблеми со сината светлина. Тестирањето на Patent Pattern може да се врши на било кој екран – од телевизор до паметен телефон.

Неодамна, универзитетските специјалисти тестираа два од најмоќните паметни телефони – iPhone 7 со LCD и новиот iPhone XS Max со AMOLED дисплеј, за да утврдат каде окото се заморува и оштетува побргу. Кај iPhone 7, излезе дека оштетувањата доаѓаат по 288 секунди, додека кај iPhone XS Max за 346 секунди, што значи дека AMOLED дисплејот е многу подобар за очите од LCD-екранот.

Уште неколку други истражувања го потврдија првичниот наод, па затоа научниците го препорачуваат AMOLED пред LCD, доколку сакате подолго време да ги користите вашите уреди.