И премногу фалење не е на арно. Оваа синтагма ја открија и првите луѓе на Amazon еден од најголемите интернет сервиси за продажба. Најновиот проблем на Amazon излезе кредибилитетот на системот за препорака од страна на корисниците. Со ова е поткопан системот за оценка на квалитетот на производите кои се продаваат, затоа што луѓето од Amazon откриле инвазија од лажни критики (секако позитивни) на одредени скоро непознати брендови.

Поттикнати од анализата направена од групата “Which?” која ги анализираше листите на стотици популарни технолошки производи во 14 категории, вклучувајќи слушалки, фит тракери, и смарт часовници, Amazon откри илјадници лажни критики. 

Истрагата покажа дека кај одредени производи и брендови доминираат „сомнителни“ критики. Компании како Itshiny, Vogek и Aitalk се на врвот на ваквите „сомнителни“ критики на нивни производи, откако илјадници се покажаа како тотално дискутабилни, затоа што рецезентите ниту некогаш ги купиле нивните производи, ниту пак претходно ја користеле страницата за он-лајн купување.

Многу гласини, исто така, се однесуваат и на екстремно големиот број на оценки со пет ѕвездички објавени за краток временски период, што е индикатор кој укажува на неавтентични прегледи. Од Amazon најавија сериозна анализа на она што се случува со оценувањето на производите.