Еден од основачите на легендарната шведска група ABBA, Bjorn Ulvaeus изјави дека можно е групата да објави нов албум. Во својата релативно кратка кариера на постоење на групата од само 10 години, шведската четворка имаше голем број хитови и 8 студиски албуми. Нивниот последен албум е издаден дури во 1981-ва година, насловен The Visitors. Ulvaeus за британскиот магазин Evening Standard изјави дека времето кое го поминале во студио во текот на оваа година, можно е да резултира со нов албум. Тој додаде дека можно е албумот да има и само 4 песни, но според него сигурно е дека бендот нема да настапува на турнеа. Следната песна која што треба да биде објавена од ABBA е песната со наслов I Still Have Faith In You која промоцијата треба да ја има во декември на телевизијата BBC.

ABBA