Кинескиот лунарен ровер Јуту-2 откри необична супстанција на темната (далечна) страна на Месечината за време на истражувањата спроведени како дел од кинеската програма за лунарно истражување (CLEP).

Откритието ги натера научниците од мисијата да ги одложат другите планови за истражување на Месечината и наместо тоа да се фокусираат на можното потекло на чудната супстанција. Непознатата супстанца е откриена во осмиот линарен ден кога еден од научниците проверувал слики од главната камера на роверот, и здогледал мал кратер во кој имало супстанција различна по боја и текстура од околната лунарна површина. На роверот му било наредено да провери каква е супстанцијата наместо да се движи кон запад.

Користејќи камери за да избегне пречки, Јуту-2 се приближува до кратерот и ги испитува невообичаено обоените материјали и карпите во близина, користејќи инфрацрвен спектрометар VNIS дизајниран да собере информации за површината на месечината и да го анализира хемиски состав.

Досега кинеските експерти не открија за каква супстанција станува збор.