Стручњаците на Kaspersky Lab откриле нова верзија на FinSpy, шпионски вирус кој може да ја следи активноста на корисниците на мобилни уреди. Главната и најопасната карактеристика на вирусот е способноста да собира преписки меѓу апликации кои се заштитени, како Telegram и WhatsApp. Под ризик се и сопствениците на Android и на iOS уреди.

Со помош на вирусот, напаѓачите може да го пробијат мобилниот уред од далечина преку користење на SMS, е-пошта, па дури и со некакви нотификации. Според експертите, хакерите можат да крадат различни кориснички податоци: контакти, е-пораки, СМС-пораки, записи од календарот, локација на GPS, фотографии, локални датотеки, записи за гласовни повици и податоци од инстант-месинџери. Дури и технологиите за енкрипција што се користат во Telegram и слични услуги се немоќни.

„FinSpy авторите внимателно го следат појавувањето на нови методи за заштита на мобилните платформи и брзо прават промени во нивната програма за да ги одржат своите перформанси. Покрај тоа, тие следат кои апликации добиваат популарност меѓу потенцијалните жртви и воведуваат функции кои им овозможуваат да собираат податоци и од нив“, велат од Kaspersky Lab.

За напад на уредот, на напаѓачите им е потребен или директен физички пристап до gadget-от, или лоша заштита на паметниот телефон на жртвата.