Една од „најизвиканите“ тв-серии во последните неколку години, „This Is Us“ на NBC ќе ја гледаме најмалку до 2022 година. Фановите на серијата можат да бидат мирни, затоа што од NBC објавија дека ја обновиле серијата за нови три сезони.

Секоја од престојните три сезони на „This Is Us“ ќе има по 18 епизоди. И натаму не е познато дали шестата сезона ќе биде последна за оваа серија, но со оглед на тоа што имаше веќе вакви слични потези на продукцијата и во минатото, многу лесно може да се претпостави дека овие три сезони ќе бидат последни. „This Is Us“ е исклучително популарен кај критичарите, кои за досегашните три сезони на серијата веќе и доделија 10 „Еми“ номинации.