Британската филмска академија ги подели своите BAFTA награди, а победник на вечерта е Alfonso Cuaron и неговиот филм Roma. Овој филм ја доби главната награда за Најдобар филм. Cuaron е режисер, сценарист, еден од продуцентите, снимател и еден од монтажерите на овој филм. Главните улоги се на Yalitza Aparicio и Marina de Tavira, а е полу-автобиографски филм за периодот на растењето на Alfonso Cuaron во Мексико Сити. Филмот доби вкупно 4 BAFTA награди од 7-те номинации. Победник е и во категориите Најдобар режисер, Најдобра кинематографија, Најдобар филм од неанглиско говорно подрачје.

Филмот The Favorite кој имаше најмногу номинации (12), заврши со 7 награди. Olivia Colman ја добри наградата за Најдобра актерка во главна улога, Rachel Weisz победи во категоријата Најдобра актерка во споредна улога, Deborah Davis и Tony McNamara ја добија наградата за Најдобро оригинално сценарио, Yorgos Lanthimos, Ceci Dempsey, Ed Guiney, Lee Magiday, Deborah Davis и Tony McNamara ја земаа статуетката за Најдобар британски филм, а филмот The Favorite ги зема и статуетките за Најдобар продукциски дизајн, Најдобра костимографија и Најдобра шминка и фризура.

Olivia Colman

Rachel Weisz

Rami Malek ја доби наградата за Најдобар актер во главна улога за улогата на Freddie Mercury во истоимениот филм. Наградата за Најдобар актер во споредна улога отиде во рацете на Mahershala Ali за улогата на Don Shirley во филмот Green Book.

Rami Malek

Mahershala Ali

Spike Lee, David Rabinowitz, Charlie Wachtel и Kevin Willmott се добитници на наградата за Најдобро адаптирано сценарио за филмот BlacKkKlansman. Наградата за Најдобри британски сценаристи, режисери или продуценти отиде во рацете на Michael Pearce (сценарист/режисер) и Lauren Dark (продуцентка) за филмот Beast.

Elizabeth Chai Vaserhelyi и Jimmy Chin ја добија наградата за Најдобар документарен филм за филмот Free Solo.

Bradley Cooper

BAFTA награда добија Bradley Cooper, Lady Gaga и Lukas Nelson како автори на музиката во филмот A Star Is Born која победи во категоријата Најдобра оригинална музика. Во категоријата за Најдобар звук, статуетката отиде за филмот Bohemian Rhapsody во рацете на John Casali, Tim Cavagin, Nina Hartstone, Paul Massey и John Warhurst.

Филмот Black Panther е добитник на наградата за Најдобри специјални визуелни ефекти, а статуетката ја добија Geoffrey Baumann, Jesse James Chisholm, Craig Hammack и Dan Sudick.

Black Panther

Наградата во категоријата Најдобро едитирање отиде во рацете на Hank Corwin за филмот Vice, додека наградата за Најдобар анимиран филм е за Spider-Man: Into the Spider-Verse.

За Најдобар краток британски анимиран филм е избран Roughhouse на Jonathan Hodgson и Richard Van Den Boom. Најдобар краток филм е 73 Cows на Alex Lockwood. Наградата за Ѕвезда во искачување е за Letitia Wright која се појави во улогата на Shuri во филмовите Black Panther и Avengers: Infinity War, како и Reb во Ready Player One.

Letitia Wright

Вечерта беа доделени и две специјални награди. BAFTA Fellowship се доделува како награда за животно дело за достигнувањата во британскиот филм. Оваа година наградата е за Thelma Schoonmaker која е едитор на филмови како The Wolf of Wall Street, The Departed, The Aviator, Gangs of New York, Casino, The Age of Innocence, Goodfellas, The Color of Money.

Втората специјална награда беше доделена на Number 9 Films за особен британски придонес кон филмот. Number 9 Films е независна британска продукциска куќа која е основана во 2002-ра година. Во нивна продукција е ланскиот филм Colette во кој главната улога ја толкува Keira Knightley.