Bohemian Rhapsody е победник во главната категорија на 76-те Златни глобуси. Филмот победи во категоријата Најдобра драма, додека во категоријата за Најдобар мјузикл или комедија победи Green Book.

Во категоријата за најдобри главни актери во драма победија Rami Malek (Bohemian Rhapsody) и Glenn Close (The Wife).

Glenn Close

За Најдобри актери во мјузикл или комедија беа избрани Christian Bale (Vice) и Olivia Colman (The Favorite). Во категоријата за Најдобри актери во споредни улоги беа избрани Mahershala Ali (Green Book) и Regina King (If Beale Street Could Talk).

Mahershala Ali

За Најдобар режисер е прогласен Alfonso Cuaron за филмот Roma. Наградата за Најдобро сценарио ја добија Brian Hayes Currie, Peter Farrelly и Nick Vallelonga за сценариото за филмот Green Book.

Alfonso Cuaron

Justin Hurwitz е добитник на наградата за Најдобра филмска музика користена за филмот First Man. Песната Shallow чии автори се Lady Gaga, Mark Ronson, Anthony Rossomando и Andrew Wyatt е прогласена за Најдобра оригинална песна.

Lady Gaga, Mark Ronson, Anthony Rossomando и Andrew Wyatt

Во категоријата Најдобар анимиран филм, статуетката ја доби филмот Spider-Man: Into the Spider-Verse, а филмот Roma е прогласен за Најдобар филм од неанглиско говорно подрачје.

Екипата на The Americans

The Kominsky Method

Во одделот за телевизиски серии, за Најдобра драмска серија е избрана The Americans, додека за Најдобар мјузикл или комедија избрана е The Kominsky Method.

Richard Madden

Најдобри актери во драмска телевизиска серија се Richard Madden (Bodyguard) и Sandra Oh (Killing Eve). Најдобри актери за мјузикл или комедија се Michael Douglas (The Kominsky Method) и Rachel Brosnahan (The Marvelous Mrs. Maisel).

Sandra Oh

Michael Douglas

Rachel Brosnahan

Најдобри актери во минисерија или филм за телевизија, избрани се Darren Criss (The Assassination of Gianni Versace: American Crime Story) и Patricia Arquette (Escape at Dannemora).

Darren Criss

Patricia Clarkson

Ben Whishaw

Наградите за најдобри актери во споредни улоги во серија, минисерија или филм за ТВ ги добија Ben Whishaw (A Very English Scandal) и Patricia Clarkson (Sharp Objects).

За најдобра минисерија или филм за ТВ е прогласена The Assassination of Gianni Versace: American Crime Story.

Jeff Bridges

Наградата Cecil B. DeMille ја доби актерот Jeff Bridges, наградата Golden Globe Ambassador ја доби Isan Elba, додека нововоспоставената награда Carol Burnett за достигнувања во телевизијата ја доби токму Carol Burnett.