Не десетина дена до новата 2019 година, полека се сублимираат резултатите од тековната година. Кога сме кај музиката во прашање, секако, потрага е по најпопуларните и најдобрите хитови за тековната година. Official Charts деновиве излезе со своја ТОП 40 листа на најдобрите хитови за тековната 2018-та.

На врвот се најде еден исклучително голем хит оваа година, темата God’s Plan на Drake, а изненадувачки на второто место е хитот One Kiss на Calvin Harris & Dua Lipa. Сепак, најдобро е да ја погледнете комплетната листа и да заклучите дали луѓето од Official Charts  се во право.