Се чини дека на Microsoft не му поаѓа од рака да има одличен интернет прелистувач. Во 1995-та година го претстави Internet Explorer со кој во одредени периоди имаше доминација на пазарот и со 90-ина проценти, следуваше сериозна стагнација со негово употребување посебно со појавувањето на Firefox, Chrome, Opera.

Internet Explorer

Со тек на времето Internet Explorer стана шега низ интернет просторот заради неговата брзина и техничките недостатоци во однос на конкуренцијата. Следуваа законски проблеми со Европската Унија, па Microsoft проблемот се обиде да го реши со изготвување на нов прелистувач. Тој го доби името Microsoft Edge. Засега, Microsoft Edge има живот век од само 3 години. Дали на овој производ на Microsoft му дојде крајот, ќе дознаеме наскоро.

Microsoft Edge

Според анонимни извори од компанијата кој разговарале со претставници на сајтот Windows Central, Microsoft е во финална фаза на изработката на новиот прелистувач. Засега во работна фаза го носи името Anaheim. Интересно е што Microsoft нема да ја кориси досегашната технологија, туку преминува на Chromium – платформа создадена од Google, а ја користи Google Chrome прелистувачот. Според информациите, новиот прелистувач би требало да го здогледа светлото на денот во следните денови.