Британските еколози извадија листа на 66 видови растенија и животни кои можат сериозно да им наштетат на биолошките системи во Европа, ако на кој било начин тие стигнат на нејзина територија.

Според публикацијата станува збор за видови кои се уште не се дојдени во ЕУ, но во догледна иднина, ситуацијата може да се промени.

„Областите на многу претставници на биосферата на Земјата радикално се менуваат како резултат на глобалните трансформации, кои се резултат на човековата активност. Некои видови го менуваат своето живеалиште релативно мирно, додека други предизвикуваат цели катастрофи, кои се закануваат и на дивиот свет и на растенијата“, вели авторот на студијата, Хелен Рој.

Како најопасни „терминатори“ кои би можеле да го уништат животинскиот и растителниот свет на одредени територии на Стариот континент се: рибата Snakehead (Channa argus), ракот од слатководни води (Orconectes rusticus), златни школки (Limnoperna fortunei), морските полжави (Crepidula onyx), зелените алги (Codium parvulum), верверичката (Sciurus niger) и други.