Минатата недела на Service for Healthy Use of Technology (SHUT) на Националниот институт за ментално здравје и невронауки во Бенгалуру, Индија, го доби својот прв случај на зависност од Netflix. Како што објавија индиските весници, 26-годишен невработен маж кој ја користел стриминг услугата се пријавил на лекување бидејќи, како што вели: „се исклучил од реалноста повеќе од шест месеци”.

Пациентот станал зависник од Netflix, претворајќи го својот телевизор во првото и последното нешто то го вклучува и исклучува во текот на денот. Како и кај повеќето зависности, удобноста и задоволството биле краткотрајни. Пациентот се жалел на напнатост на очите, замор и несоница.

Лекарите на клиниката сега се занимаваат со психолошките проблеми преку терапија, вежби за релаксација и насоки за иднината. Ова е прв за центарот, кој ги третира луѓето кои најчесто се зависници од онлајн игри.

извор: Geek.com