Научниците од Националниот медицински центар во Калифорнија заклучија дека намалувањето на телесната тежина значително го намалува ризикот од појава на рак на дојка кај жените.

Специјалисти го следеа животот и здравјето на 61.335 жени кои претходно немале рак на дојка. За речиси 11,5 години, 3061 од жените добиле рак на дојка. Се покажа дека оние кои ја намалиле својата тежина за околу 5% имале 12% понизок ризик од појава на тумори во споредба со жените со стабилна телесна тежина. Во исто време, за оние чија тежина се зголемила, ризикот од рак е зголемен за 54%.

“Овие податоци докажуваат дека програмата за губење на тежината може да влијае врз контролирањето на појавата на ракот на дојката”, сумираше д-р Роуан Хлебовски, еден од авторите на студијата.