Двa од главните спонзори на една од најголемите светски фудбалски ѕвезди, Кристијано Роналдо, излегоа со соопштение дека се загрижени од последните обвинувања кон Португалецот за наводно силување.

Компаниите Nike и EA Sports излегоа со официјална позиција во која се наведува дека внимателно го следат случајот. Полицијата во Лас Вегас ја обнови истрага од 2009 година, откако извесната Кетрин Мајорга достави нови информации во процесот против Роналдо.

Нејзините адвокати потврдија на прес-конференцијата дека можат да ги објават клучните докази за случајот. Убавицата веќе постигнала вонсудски договор со Роналдо во 2010 година, добивајќи 375.000 долари за да молчи.

„Ние сме длабоко загрижени за вознемирувачките наводи и ќе продолжиме внимателно да ја следиме ситуацијата“, објавија од Nike.

Nike и EA Sports се партнери со Роналдо од 2003 година, а пред две години потпишаа и нов договор вреден 1 милијарда долари.