Австриската аукциска куќа Dorotheum ќе го стави на продажба омилениот Кадилак на култното име на светската музичка сцена во минатиот век, легендарниот Елвис Присли. Кадилакот е користен од Елвис во периодот од 1972 до неговата смрт во 1977 година.

Присли речиси и не излезе од автомобилот во овој период со кој поминал 112.000 километри. Неговата последна голема „прошетка“ беше од Лас Вегас до зградата на Грејсленд непосредно пред неговата смрт. Кадилакот беше произведен во 1972 година, по што беше опремен со специјален магнетофон со 8 ленти и делумно полиен со злато.

Елвис беше луд по автомобилите, главно за моделите на Кадилак, кои често им ги даваше на своите пријатели. Кадилакот беше купен од австриски колекционер во 2016 година и се претпоставува дека може да достигне цена од 100.000 до 200.000 евра.