73-годишниот музичар од Северна Ирска Van Morrison го најави својот дури 40-ти студиски албум, кој ќе биде насловен The Prophet Speaks. Албумот треба да се појави во продажба на 7-ми декември, а ќе понуди 7 нови песни, како и 8 преработки. Во април Van Morrison го објави албумот You’re Driving Me Crazy на кој соработуваше со Joey DeFrancesco, кој се појавува и на новиот албум. На албумот се појавува и бендот на Van Morrison составен од гитаристот Dan Wilson, тапанарот Michael Ode како и саксофонистот Troy Roberts. Во продолжение погледнете ја листата на песните кои ќе се најдат на новиот албум. Во заградите се впишани авторите на песните.

The Prophet Speaks

1. “Gonna Send You Back to Where I Got You From” (Eddie “Cleanhead” Vinson, Leona Blackman)
2. “Dimples” (John Lee Hooker, James Bracken)
3. “Got to Go Where the Love Is” (Van Morrison)
4. “Laughin’ and Clownin’” (Sam Cooke)
5. “5 am Greenwich Mean Time” (Van Morrison)
6. “Gotta Get You Off My Mind” (Solomon Burke, Delores Burke, Josephine Burke Moore)
7. “Teardrops” (J.D. Harris)
8. “I Love the Life I Live” (Willie Dixon)
9. “Worried Blues / Rollin’ and Tumblin’” (J.D. Harris)
10. “Ain’t Gonna Moan No More” (Van Morrison)
11. “Love is a Five Letter Word” (Gene Barge)
12. “Love is Hard Work” (Van Morrison)
13. “Spirit Will Provide” (Van Morrison)
14. “The Prophet Speaks” (Van Morrison)

 

Извор: Rolling Stone магазин