За кои луѓе може да кажеме дека се најголемите губитници во историјата на светот? Историчарите ќе ви одговорат: Оние кои се родени и живееле во 536. година. Причина: Оваа година го означи почетокот на најстрашниот период за животот на нашата Планета во новата ера. 

Во 6 век од н.е., византискиот владетел Јустинијан Велики се сметал за главна историска личност. До 536 година царот ја предводел земјата девет години. Во тоа време немало глобални војни и револуции, иако понекогаш се случувале локални битки. Во суштина, таа 536 година не донела директен ужас на земјата, туку конкретно на небото.
Одеднаш, маглата почнала да се појавува во воздухот, покривајќи го небото не давајќи на земјата да продрад сончевите зраци. Прашината што се населила во атмосферата довела до глобална катастрофа: суша, недостаток на храна и исчезнување на цели населби. Според археолозите, вулканските ерупции се причина за трагедијата.
Длабоката студија на глечерите им помогна на научниците да дојдат до овие заклучоци.

За да го дојдат до вистинските заклучоци, научниците морале да ги ископаат ледените карпи кои содржат депозити на мраз, во кој се акумулира пепелта од вулканите кои еруптирале низ историјата. Научниците никогаш не виделе толку големи остатоци од прашина како во слоевите кои датираат од овој период. Интересно е што науката покажа дека не само во 536 година, туку и во 540. година, судејќи по прочистениот мраз на Гренланд, вулканите повторно експлодирале и фрлиле огромно количество пепел и лава.

Се разбира, по овие катастрофи во период од 5 години планетата долго не можела да закрепне. Пепелта го блокирала сонцето, растенијата и културите замреле, а насекаде завладеала глад. Истражувачите тврдат дека соочувањето со сите катастрофи од овој период траело дури 100 години. Дури на крајот на 7 век од н.е. човештвото се вратило во нормала.